Добро познат факт е дека кучињата се интелигентни суштества и дека се многу посвесни за својата околина во споредба со луѓето.

Во продолжение ви претставуваме пет неверојатни работи и појави кои кучињата можат да ги насетат.

  1. Бурата

Кучињата се способни да почувствуваат бури. Луѓето кои имаат кучиња сигурно го забележале тоа. Кучето почнува да лае или да се гушка во скутот на сопственикот пред да дојде лошото време. Без разлика дали се работи за бура или грмотевици, кучињата се мајстори во предвидувањето на времето.

  1. Земјотрес

Според сеизмолозите, кучињата можат да го почувствуваат електричниот сигнал генериран од движењето на карпите под земја. Кога земјотресот ја погоди Јапонија на почетокот на 2011 година, луѓето беа сведоци на необичното однесување на кучиња, слонови и други животни пред земјотресот. Во сличен пример од Кина во 1975 година, луѓето пријавиле чудно однесување на животните пред земјотресот во кој загинаа околу 2.000 луѓе. Бх. Голманот кој настапува за турскиот Аданаспор Горан Карачиќ ја опиша драмата што ја доживеал заедно со сопругата при последниот земјотрес во Турција. Тој вели дека животот му го спасил никој друг туку неговото куче.

“Можам слободно да кажам дека мојот живот и животот на мојата сопруга го спаси нашето куче! Инаку, тоа е многу мирно животно кое ретко прави врева. Неколку моменти пред земјотресот почна да лае и да скока низ собата, што не разбуди и не алармираше дека нешто не е во ред, по што истрчавме на улица“, изјави поранешниот голман на Зрињски.

  1. Опасност

Кучињата се многу чувствителни на феромони за кои не сме свесни. Ова е причината зошто кучињата можат да предвидат можна опасност. Тие можат да научат за намерите на личноста со која се среќаваат со забележување на суптилни изрази на лицето и говор на телото. Ако вашето куче покажува невообичаена аверзија кон некого, тоа ве информира за потенцијална закана што таа личност може да ви ја претставува.

  1. Разни болести

Истражувањата покажаа дека ткивото на ракот ослободува специјални хемикалии кои се разликуваат од нормалното ткиво, а кучињата се изненадувачки добри во кажувањето на разликата помеѓу малигното и нормалното ткиво. Жена од Калифорнија забележала дека кучето и ја лиже десната дојка, а кога отишла на лекар и бил дијагностициран рак на дојка. Во една студија, обучен лабрадор ретривер успеал успешно да открие рак на дебелото црево кај луѓето со повеќе од 90 проценти точност.

  1. Бременост

Иако нема конкретни научни докази кои потврдуваат дека кучињата се способни да почувствуваат бременост, тоа го докажуваат бројни примери. Способноста на кучето да го чита говорот на човечкото тело, мирисот и однесувањето му помага да открие бременост. Се случуваат одредени промени во мирисот, обликот на телото, јазикот на телото, расположението и однесувањето на трудницата, кои кучето лесно може да ги прочита, пишува порталот The Dodo.