ЛУЃЕТО кои имаат позитивен, идеалистички поглед на љубовта можат да препознаат романтичен потенцијал кај сите. Таквите луѓе можат да се заљубат во речиси секој кој им покажува добрина и наклонетост. Според астрологијата, ова се хороскопските знаци кои се заљубуваат на прв поглед.

Овен

Овенот многу брзо се заљубува. Иако нивната фасцинација не трае долго, во текот на врската нивните чувства се интензивни и реални. Големото срце и импулсивното однесување на Овен придонесуваат за нивната способност брзо да ја изгубат главата за некого. Кога ќе се заљубат, не размислуваат за иднината. Тие само сакаат да уживаат во моментот.

Рак

Раковите исто така се заљубуваат на прв поглед и многу брзо развиваат длабоки емоции. Најчесто ги привлекуваат луѓе за кои можат да се грижат. Но, само затоа што Ракот може да се заљуби во некого по неколку дена, тоа не значи дека ќе се отвори за своите чувства. Овие луѓе не сакаат да ризикуваат, па ќе чекаат со изливи на љубов додека не се уверат дека чувствата им се возвраќаат.

Вага

Вагите се секогаш заљубени. Овие луѓе се зависни од вниманието и флертувањето што доаѓа со заљубувањето. Вагата може да се заљуби во секој кој е љубезен кон неа, на пример, келнер во кафуле или личност која се откажала од своето место во автобус. Тие се едноставно заљубени во љубовта и не можат да живеат без флерт и романса.

Риба

Рибите се најголемите романтичари во Зодијакот. Тие можат да се заљубат на прв поглед доколку нивната интуиција им каже дека постои вистинска врска меѓу нив и личноста што ја запознале. Овој знак во секого гледа по нешто добро и убаво, поради што лесно се препушта на чувствата.