ИМА луѓе на кои им е тешко да најдат соодветен љубовен партнер. Тие можат да најдат маана кај секого и честопати отпишуваат потенцијален додворувач поради некоја ситница уште пред да му дадат шанса. Ова се знаци кои се премногу пребирливи во љубовта.

Девица

Девиците имаат нереално високи стандарди. Овие луѓе се познати по својот перфекционизам, што значи дека е доста тешко, па дури и невозможно да се исполнат нивните очекувања. Девиците се толку критични и ситничари што ќе успеат да најдат маана кај секој потенцијален додворувач и да го отпишат уште пред да го запознаат.

Лав

Кога станува збор за изборот на љубовен партнер, Лавот е еден од најпребирливите хороскопски знаци. Овие луѓе имаат голема самодоверба и го сакаат само најдоброто за себе, па тешко им е да најдат љубовна комбинација која би одговарала на нивните високи стандарди.

Јарец

Јарецот е претерано педантен. Освен што е еден од знаците кои се плашат од интимност, Јарецот е и многу пребирлив во љубовта. Овие луѓе не го даваат лесно срцето, поради што им е тешко да најдат партнер кој би ја придобил нивната доверба и би ги исполнил нивните големи критериуми.

Близнаци

Близнаците се премногу напорни. Овие луѓе сонуваат да запознаат некој кој е како нив и може да им биде идеален придружник, па нема да му дадат шанса на некој за кој ќе проценат дека не ги исполнува овие критериуми. Непромислени се и нетрпеливи, па пребрзо ги оттурнуваат луѓето, поради што често пропуштаат добри прилики.