НЕКОИ луѓе се доволно самоуверени за да прифатат конструктивна критика. Не дозволуваат такви работи да влијаат на нив бидејќи не ги сфаќаат лично. Од друга страна, има луѓе кои воопшто не можат да прифатат критика. Тие се ситни, несигурни и немаат самодоверба. Астролозите составија листа на хороскопски знаци кои лошо ги прифаќаат критиките.

Риба

Нежните Риби живеат во својот фантастичен свет, па ќе се распаднат под секаков облик на критика. Ако ги критикувате, треба да бидете подготвени за тоа дека ќе им го скршите срцето, па добро размислете дали е навистина потребно да го кажете своето мислење или можеби нешто можете да премолчите.

Јарец

Јарците ја сфаќаат критиката многу лично бидејќи тоа директно влијае на нивното его. Овие луѓе се исклучително загрижени за својот социјален имиџ, па затоа вешто ги кријат своите слабости. Тие секогаш даваат се од себе без оглед на околностите во кои се наоѓаат. Не се способни да ги ценат критиките бидејќи се чувствуваат нападнати и навредени.

Рак

Ова е најчувствителниот хороскопски знак. Раковите земаат сè при срце, па и најмала критика може да им донесе солзи. Бидете внимателни со нив и размислете добро пред да им се пожалите затоа што тие може трајно да ве блокираат, не само на социјалните мрежи, туку и од нивното срце.