НЕКОИ луѓе одлично ги читаат другите. Таквите луѓе обично имаат остро око за детали и силна интуиција, па не можат ништо да пропуштат. Невозможно е да ги измамите затоа што ги знаат вашите намери уште пред да разговарате со нив. Во астрологијата се смета дека овие три знаци одлично ги читаат луѓето и невозможно е да ги измамите.

Девица

Девиците не можат ништо да пропуштат. Тие се бистри и имаат испитувачки ум кој никогаш не мирува. Во нивната природа е постојано да истражуваат, анализираат и создаваат врски во нивните глави. Ако некој ги излаже, алармот ќе се вклучи многу брзо. Девиците се одлични во набљудувањето на говорот на телото, па веднаш ќе препознаат знаци на лажење, како што се потење, поглед настрана или претерани гестови.

Скорпија

Скорпиите е невозможно да се измамат и ништо не може да се скрие од нив. Имаат одлична меморија и детективски ум кој ги согледува и поврзува и најмалите детали. Тие се толку добри психолози што можат да препознаат по говорот на телото кога некој ги лаже. Освен тоа, имаат и силна интуиција која им помага одлично да ги проценат сите.

Водолија

Иако изгледаат отсутни и длабоко во мислите, водолиите се добро свесни за се што се случува околу нив. Луѓето често се изненадени од тоа колку добро разбираат и паметат сè. Обично не се заинтересирани за туѓите животи, но кога некој ќе ги лаже во лице, тоа им оди на нерви. Потоа ќе му објаснат на лажгото дека го читаат како книга.