СЛЕДНАТА година за многумина ќе биде магична и полна со љубов и романса. За некои знаци во 2023 година, љубовта дефинитивно ќе биде во воздухот, а нивните животи ќе се сменат на подобро. Дознајте дали сте на листата на оние кои ќе се венчаат следната година и дали наскоро треба да почнете да го планирате најубавиот ден во вашиот живот.

Овен

Дури и ако тоа не им е ни на ум во моментов, тие наскоро ќе бидат подготвени да кажат „го земам“. Во наредните месеци нивната потреба да припаѓаат се повеќе ќе доаѓа до израз, а можна е и венчавка во март или во текот на летото.

бик

На Биковите следната година ќе им се остварат многу желби, па оние кои фантазираат за својата свадба од соништата конечно ќе ја добијат својата. Љубовта ќе им биде главна инспирација, па и закоравените ергени би можеле да се осмелат да направат толку голем чекор како венчавка, а најпогодни месеци за свадба се февруари и октомври.

Скорпија

По подемите и падовите што ги доживеаја во 2022 година, новата година им носи поволни промени. Иако Скорпиите не се тип на луѓе на кои институцијата брак им е особено важна, тие би можеле да ги изненадат сите со најава за венчавка меѓу октомври и крајот на следната година.

Јарец

И за нив гласно бијат свадбените ѕвона. Јарците можеби не се романтични, но се држат до традиционалните вредности и затоа сакаат да ја озаконат врската со оној за кој се грижат. Пролетта им носи многу среќа, па многумина ќе ја прослават својата венчавка во мај.