Иако на многу од жените им е непријатно да одат на гинеколог, сепак таквите прегледи не треба да се избегнуваат.
Доколку имате некои од овие симптоми, задолжително треба да посетите гинеколог. Таквите знаци покажуваат дека нешто не е во ред со вашето тело и дека истото ви испраќа сигнали.
Еве за кои симтоми станува збор:
Болна менструација
Нормално е да чувствуваме тегоби во текот на менструалниот циклус, но доколку болките се јаки и неподносливи тогаш треба да посетите гинеколог.
Обилни крварења
Никако не треба да го занемарите ова. Внимавајте и на тоа дали менструалниот циклус ви трае подолго од вообичаено. Не мијте го интимното подрачје со врела вода затоа што и тоа може да допринесе во обилните крварења.
Нередовна менструација
Причината за тоа може да биде бременост, стрес, но исто така и синдром на полицистички јајници.
Поинаков секрет
Сте забележале повеќе секрет, со поразлична боја и непријатен мирис? Тоа може да укажува на бактериска инфекција.
Болки при мокрење
Тоа може да укажува на инфекција пренесена преку полов пат, а поврзана со уринарниот тракт.
Течност која тече од градите
Доколку тоа ви се случува, а не сте бремени, може да значи дека имате некакви хормонски проблеми.
Болки во текот на сексуалниот однос
Вообичаено, не треба да имате болки при сексуалниот однос, а доколку ги имате и тие може да укажуваат на некаква инфекција.