Кајли Џенер приреди големо изненадување на модната ревија на „Victo ia’s Sec et“, дебитирајќи на пистата во Лос Анџелес со спектакуларен изглед. Во неделата навечер, таа прошета по пистата носејќи го култниот „Fa tasy B a“ – градник украсен со дијаманти – во комбинација со огромни бели крилја од пердуви.
Сепак, нејзиното неочекувано појавување на ревијата во 2026 година предизвика бран на револт кај обожавателите, при што многумина повикаа на бојкот, пренесува „Daily Mail“. Критичарите ја оценија одлуката на брендот да ѝ дозволи на ријалити ѕвездата да го носи овој култент предмет – чија вредност се проценува на 50 милиони долари – како навреда.
Ова е првпат „Fa tasy B a“ да се врати на пистата по 2018 година, а Џенер стана првата личност во историјата што го носела, иако не е официјален „Ангел“ на „Victo ia’s Sec et“.
Револт на социјалните мрежиПлатформите на социјалните мрежи беа преплавени со негативни коментари. „Ова е НЕПРИФАТЛИВО“, напиша еден корисник на платформата X, додека друг додаде: „На ’Victo ia’s Sec et‘ навистина им снема креативност. Тоа е најскапото, а сепак наједноставното нешто досега. И потоа ја носат некоја од семејството Кардашијан/Џенер, со што дополнително го обезвреднуваат сето тоа“.
„Од сите луѓе на светот, зошто, по ѓаволите, ѝ го дадоа ’Fa tasy B a‘ токму на Кајли Џенер?“ – стоеше во еден од коментарите.
Многумина сметаа дека оваа чест требало да им припадне на искусни манекенки. „Да му се даде ’Fa tasy B a‘ на Кајли Џенер, наместо на некоја од оригиналните девојки на ’Victo ia’s Sec et‘?“ – праша еден корисник, додека друг заклучи: „Ревијата беше целосен хаос. Осветлувањето беше лошо, снимателот изгледаше изгубено, настапите беа во прв план наместо манекенките, а тоа што ’Fa tasy B a‘ ѝ го дадоа на Кајли Џенер е вистинска шлаканица за вистинските манекенки на ’Victo ia’s Sec et‘“.
Имаше и шеги на сметка на нејзината сестра, манекенката Кендал Џенер. „Кендал не одговори, па мораа да ја повикаат Кајли“, иронично забележа еден корисник.
„Ја сакам Кајли, но ’Victo ia’s Sec et‘ ме навредија со тоа што најскапиот ’Fa tasy B a‘ во историјата ѝ го дадоа на Кајли Џенер – ова е НЕПРИФАТЛИВО“, изјави друг разочаран обожавател. И покрај критиките, Кајли самоуверено чекореше по пистата, со насмевка на лицето. Од публиката ја бодреа нејзиното момче, Тимоти Шаламе, и нејзината мајка, Крис Џенер. Таа носеше долга, темна коса, стилизирана во опуштени бранови, а изгледот го заокружи со розево руменило и сјај за усни.
Џувелирот Џејкоб Арабо објасни дека дизајнот е инспириран од колекцијата накит „Ra e Touch“, која користи посебни структури што им овозможуваат на металот и скапоцените камења да се движат во склад со телото. „За мене, дијамантите, светлината и движењето мораа да бидат во прв план“, изјави тој во официјалното соопштение. За магазинот Vogue додаде дека градникот е „изработен целосно од злато и дијаманти – нема никаков текстил“, што значело дека постигнувањето совршено вклопување на телото претставувало голем предизвик.
Кајли го искомбинира градникот со светкаво бело мини-здолниште, украсени ремени поставени високо на колковите и проѕирни сандали со потпетица. По ревијата, таа објави фотографија на Инстаграм со натпис: „Најдобриот ден досега“.
















