Шарлиз Терон блесна во смела комбинација која воспоставува рамнотежа помеѓу провокацијата и елеганцијата, докажувајќи дека со неверојатна леснотија може да изнесе трендови кои кај другите би изгледале ризично.
Познатата актерка Шарлиз Терон – која со право може да се нарече една од најубавите жени во Холивуд – изгледа апсолутно восхитувачки, дури и во шестата деценија од животот. Неодамна, откако го прослави својот 51-ви роденден, таа се појави во Лос Анџелес, изгледајќи поубаво, похаризматично и попривлечно од кога било.
Нејзиното неодамнешно појавување на гала-вечерата во Музејот на Академијата, облечена во црна тантела, предизвика лавина реакции; славната „атомска русокоса“ сосема оправдано, беше во центарот на вниманието.
За овој свечен настан, таа се одлучи за црна тантела, суптилно потсетувајќи нè зошто и понатаму ѝ се восхитуваме на нејзината фигура и убавина.
Таа носеше долг фустан со проѕирни детали кои нежно ги следеа линиите на нејзиното тело; и иако под него немаше ништо, таа го изнесе тој изглед со толку многу женственост и стил.
Холивудската ѕвезда уште еднаш ни покажа дека нејзината убавина е безвременска. Она што ја прави навистина посебна не е само нејзиното совршено лице, туку ставот и енергијата на жена која зрачи со самодоверба.
И, како што сигурно ќе се согласите, Шарлиз Терон останува олицетворение на неодолива привлечност – докажувајќи дека, за неа, годините се навистина само бројка.
















