Исхраната на луѓето базирана на месо долго време се наведува како една од заканите за човештвото. Прехранбената животинска индустрија е исклучително загадувачка и е одговорна за голем дел од штетните емисии кои се испуштаат во атмосферата.

Поради оваа причина, компаниите ширум светот се тркаат да создадат месо од растително потекло што е што е можно поблиску по вкус и текстура до вистинското. 

Но, можете ли да убедите месојад дека нивниот стек не е создаден во лабораторија?

Филето како предизвик

Во растителна индустрија, светиот грал на месото е филе. Цели парчиња месо – шницли, филе и слично се најтешки за пресоздавање. 

Веќе извесен период се произведуваат вегански ќофтиња и мелено месо, кои се екстремно блиску до вистинското, но досега тоа не е постигнато со цело парче месо.

Сега, словенечката компанија наречена  Juicy Marbles тврди дека ја совладала уметноста на ултимативното лажно месо.

Барем на фотографиите, нивните филети и шницли изгледаат токму така – како филети и стекови со сите мускули, месо и маснотии што сме навикнати да ги гледаме. Во исто време, тие се направени од познати производи во растителната индустрија, вклучувајќи соја протеин, сончогледово масло, брашно од репка и други.

Компанијата е основана во 2019 година во мало гратче во близина на Љубљана од микробиолог, биотехничар, ресторан, програмер и бренд менаџер. Досега успеале да соберат 4,6 милиони долари за нивниот развој на највистинскиот вештачки стек, кој веќе го продаваат онлајн во Европа и во САД.

Цената на стекот е 30 евра за околу 113 грама. Тоа секако не е евтино, но вештачкото месо е многу популарно меѓу рестораните во Европа. Плановите се тој да се продава слободно во продавниците во Европската унија, Велика Британија и САД од 2023 година.

Компанијата првично се фокусираше на создавање на пилешки гради и свински ребра од растително потекло, но подоцна го пренасочи својот фокус на говедското месо, кое има најдраматичен ефект врз нашата околина.

Говедата испушта огромни количини на штетни емисии и троши повеќе од три четвртини од сојата што ја произведуваме, култура поврзана со уништувањето на шумите. Само 7% од сојата во светот ја консумираат луѓето.

Целта на Juicy Marbles е да создаде прифатлива растителна база на производ кој може да го нахрани целото семејство. Целта е нивното филе да биде достапно во продавниците од ноември следната година. Цената се уште не е јасна.