Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Истанбул присуствуваше на првата заедничка литургија по примањето на МПЦ-ОА во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедеценискиот раскол наложен врз македонската црква. Архиепископот Стефан богослужеше на македонски јазик.

По литургијата Османи објави фотографија со вселенскиот патријарх Вартоломеј и му се заблагодари.

-Благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј I за приемот на Охридската Архиепископија во канонско единство со другите православни цркви. Со ваквиот чекор се отстранува повеќедецениската изолација и се отвара патот за добивање автокефалност во периодот што следи.