Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше денеска против Дебора Кјеза од Италија со 2-1 во сетови, односно 6-3, 4-6 и 6-4 за пласман во полуфинале на турнирот во Талин, Естонија.

Ѓорческа одигра тежок маратон против незгодната Италијанка. По првиот освоен сет (6-3), Кјеза се врати во следниот (6-4), но искуството ѝ послужи на македонската тенисерка во третиот сет да направи брејк во 10. гем за да го освои сетот со 6-4 и така да обезбеди полуфинале.

Третата носителка на турнирот за финале ќе се бори против Зејнеп Сонмез, која беше подобра од Лесли Патинама-Керкова./Sport1/

Прикажи повеќе