„Во моментов имаме најниска стапка на невработеност во историјата на Македонија – 14,3 проценти. Таа стапка продолжува да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет“ изјави заменик-министерот за финансии, Филип Николовски во „Детектор“ на Сител ТВ.
Тој додаде дека спроед проекциите на сите меѓународни и домашни организации кои ја следат економијата во втората половина на оваа година ќе имаме стабилизација и економиите ќе продолжат да растат како и пред кризата.
„Седум квартали по ред Бруто домашниот производ на Северна Македонија расте и ќе продолжи да расте иако сме во период на светска економска криза“ рече Николовски.
Заменик-министерот истакна дека само во Техонолошко индустриско развојните зони во земајва во 2022 година креирани се дополнителни 2300 работни места
„Извозот од ТИРЗ е над 3,7 милијарди евра. Таму работат над 16 илјади луѓе и само минатата година имаше над 400 милиони евра инвестиции во ТИРЗ“ рече Николовски.