Жичана скулптура слична на онаа што може да се види на новогодишните украси, во форма на голем фалус, блеснала околу 16. часот во центарот на Белград пред зградата на Градското собрание.

Поставката е висока околу четири метри, а осветлена е со околу 1.500 златни сијалички, кои го симболизираат „луксузот и гламурот на осветлувањето на кое се фрлаат пари додека децата се лекуваат со СМС пораки“.
Пијанистот во мај предизвикал бура со своето дело „Нова вера“, кога ја постави фигурата на распнатиот Христос на столб со камери за видео надзор во Нов Белград. Во јуни, тој поставил „клацкалка за прекубројни деца“ на Бежанијска коса, а во јули „испратил“ портрет на Новак Ѓоковиќ на 264. квадратни метри тениско игралиште во истата населба. Потоа, во септември, тој направил малку помал портрет на ТВ-авторот Јован Мемедовиќ од пластични шишиња фрлени на Сава, со цел да испрати еколошка порака на Светскиот ден на реката.

Извор: ЕКРАН.МК