Нетанјаху рече дека ќе бидат распоредени дополнителни полициски и воени сили и ќе започне собирање разузнавачки информации, конфискација на нелегалното оружје, а ќе има и апсења
„Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен. Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио“,рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност.
Шефовите на безбедноста на кабинетот се состанаа откако палестински напаѓач уби седум и рани тројца пред синагога во еврејската населба Неве Јаков во источен Ерусалим во петокот вечерта и вчерашниот напад на 13-годишно палестинско момче кој отвори оган на влезот од археолошкиот музеј Давидов град во близина на Ерусалим, а во нападот беа ранети татко и син.
Нетанјаху рече дека како одговор на нападите и прославите во палестинските градови што следеа, одлучено е да се „зајакнат населбите“ во наредните недели, но не наведе детали.
Одлучено е и веднаш да се запечати куќата на напаѓачот кој го изврши петочниот вооружен напад кога напаѓачот влегол во синагогата во населбата Неве Јаков и отворил оган врз верниците собрани на петочната молитва.
Само неколку часа подоцна полицијата соопшти дека куќата е запечатена, а безбедносните сили веќе ги евакуирале жителите, јавуваат израелските медиуми.
Министрите, меѓу кои има поддржувачи на движењето на еврејските доселеници и остриот однос кон Палестинците, одлучија да го укинат националното осигурување и другите бенефиции за семејствата на напаѓачите, за кои се вели дека ги поддржуваат нивните акции.
Целиот кабинет денеска ќе расправа за предлог-законот за укинување на личните карти на членовите на семејствата на напаѓачите кои ги поддржуваат нападите.
Нетанјаху рече дека ќе бидат распоредени дополнителни полициски и воени сили и ќе започне собирање разузнавачки информации, конфискација на нелегалното оружје, а ќе има и апсења.
Тој, исто така, уште еднаш апелираше до Израелците да го почитуваат законот по нападот, а полицијата претходно изрази загриженост за можните одмазднички напади врз Палестинците.
„Повторно ги повикувам граѓаните на Израел: Не земајте го законот во свои раце. Ова не е време на подземје. Имаме суверена земја, одлична воена влада и безбедносни сили. Нека си ја завршат работата“, рече израелскиот лидер.
Засега не е јасно дали израелските мерки ќе бидат ефективни. Напаѓачите, двајцата од источен Ерусалим, се чини дека дејствувале независно и не биле дел од организирани екстремистички групи./360stepeni/