Пол Погба во втората етапа во Јувентус започна непосакувано. Французинот на последниот тренинг доживеал тешка повреда поради која е принуден да го пропушти стартот на сезоната во Серија, а лекарите предвидуваат пауза од најмалку два месеци.

Advertisements

Според „Газета дело Спорт“, играчот за врска ќе мора да прави операција на менискусот на коленото. Тимот на Масимилијано Алегри слета во Далас без новото летно засилување. За утре Јуве закажа пријателска средба против Барселона.

Репрезентативецот на Франција ова лето се врати во Торино од Манчестер Јунајтед, каде веќе играше од 2012 до 2016 година.

Прикажи повеќе