Екипата на Порто вечерва на домашен терен го пречекува Реал Мадрид во нивната прва пресметка во 1/8 финалето од ЛШ. Интересен дуел ќе биде ова, особено ако се знае дека добрите пријатели, некогашни соиграчи од Реал Мадрид, Пепе и Роналдо ќе бидат на спротивната страна. Овие двајца никогаш меѓусебно не играле. Секогаш биле на иста страна, во Реал Мадрид и во репрезентацијата на Португалија.

-Ќе биде посебно тоа што ќе играм против Роналдо, никогаш не сум играл против него во мојата кариера иако многупати сме тренирале заедно, но ова е повеќе Порто против Јувентус отколку Пепе против Роналдо, се надевам дека ќе можеме да го побдиме Јуве за првпат, вели Пепе.

Останува да се види каков ќе биде нивниот дуел на теренот, ако се знае дека Пепе е еден од најжестоките дефанзивци, кој знае многу често да влегува со остри стартови.

loading…