Научниците од Нов Зеланд го зголемија нивото на тревога поради вулканот под најголемото езеро во земјата, кој ја предизвика најголемата ерупција на Земјата во последните 5 000 години, кога последен пат еруптираше пред околу 1 800 години.
Геолошката агенција „Геонет“ во соопштението истакнува дека открила речиси 700 мали земјотреси под езерото Таупо, и го подигнала нивото на тревога за вулкани на 1.
The Volcanic Alert Level for Taupō Volcano has been raised to Volcanic Alert Level 1 (minor volcanic unrest). This minor unrest is causing the ongoing earthquakes & ground deformation at the volcano. Read our bulletin with all of the information here: https://t.co/T9yTR3aF32 pic.twitter.com/FD31y9iYqD
— GeoNet (@geonet) September 20, 2022
Системот за предупредување за вулканите се заснова на шест нивоа што се зголемуваат, но „Геонет“ забележува дека ерупциите може да се случат на кое било ниво, а нивоата може да не се движат во низа бидејќи активноста може брзо да се менува.