Јапонија, го заврши учеството на СП во Катар, во осминафиналето. По изведувањето на пенали, Јапонците испаднаа од Хрватска. Јапонците сигурно се најпријатното изненадување во досегашниот тек од СП. Ја освоија првата позиција во својата група, откако славеа победи над шампионите од 2014 и 2010 година, Германија и Шпанија.

Advertisements

И покрај елиминацијата од Мундијалот, селекторот Хаџиме Моријасу (54) ќе добие нов договор.

Тренерот од Нагасаки е на чело на репрезентацијата повеќе од четири години, а според информациите од Јапонија, тој ќе добие нов двегодишен договор, со клаузула истиот автоматски да биде продолжен за уште две, односно до крајот на Мундијалот во 2026 година.

Прв предизвик за Моријасу и неговите избраници ќе биде првенството на Азија кое ќе се одржи во 2024 година.

Прикажи повеќе