Нето надворешниот долг, или долгот без камати, на крајот на минатата година изнесувал 4.4 милијарди евра или 32,6 проценти од проценетиот БДП, објави  Народната банка.

Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 проценти.  На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.4 милијарди евра и забележа квартално зголемување од 386 милиони евра.  Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра.

Повеќе на НБРМ