Рафаел Надал уживал во фантастичното финале помеѓу Аргентина и Франција, по кое бил среќен поради свите пријатели кај „гаучосите“, но и тажен бидејќи имал пријатели и меѓу поразените „триколори“.

Advertisements

„Финалето беше спектакуларно, секако дека ми е жал за моите француски пријатели. Но, имам пријатели и од Аргентина и во таа насока како фудбалски фан, среќен сум што Меси го подигна трофејот. Ова беше кулминација на кариерата на еден толку голем фудбалер, а исто така и голема радост за неговата земја. Кога Меси го постигна третиот гол за Аргентина, ми се насолзија очите, пред се поради емоциите кои се забележуваа кај човек кој толку долго време го чекал овој успех. Финалето беше спектакуларно и уживав во него, посебно од 70-та минута па до крајот“, изјави Надал за „Марка“.

Шпанскиот тенисер важи за голем навивач на Реал Мадрид, но тоа не го спречи да му оддаде признание на долго време големиот ривал кој ја предводеше Барселона.

Прикажи повеќе