Познатиот српски кантавтор и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст. Многумина ќе го паметат Балашевиќ по неговите стихови, кои тој ги напиша со најдлабоки емоции, а ова се некои од нив.

„Луѓето се како школки – мора да отворите илјадници од нив за да пронајдете бисер“.

„Дамите бираат. О, како поинаку… И тие најчесто избираат копилиња“.

„Има тишина на која се сеќавам повеќе од најубавите зборови“.

„Се заљубувате затоа што ви треба,  а љубите затоа што на некој друг му треба.

„Едно е кога копнееш за некој што е далеку, а сосема друго е кога копнееш за некој што е близу тебе“.

„ Засекогаш“ е само збор. Големите зборови обично имаат мала грешка и се намалуваат со трошка, секогаш кога ќе ги изговорите. Ништо не остана од моето „засекогаш“, Бог знае што“.

„Ако жените одлучуваа за некои работи, светот ќе изгледаше поубаво. Можеби ќе имаше малку влечење коса, озборувања и други работи, но дефинитивно нема да има толку многу крв и зло колку што сме посеале ние мажите“.

„Неа не ја повредува тоа што не може да биде среќна со друг. Таа е повредена затоа што не може да биде среќна со тебе“.

„Не, не сум изненаден, едноставно сум разочаран. Не те мразам, само ја изгубив причината да те сакам“.

„Нема да препознаете вистински маж, со кого ќе издржите, по неговиот изглед, по диплома, по интелигенција. Ќе го препознаете вистинскиот по начинот на кој тој ве држи за рака, како ве сака, како ве гушка – ниту премногу тешко за да ви застане здивот, ниту премногу слаб за да исчезне без трага. Вистинскиот ве држи какви што треба да бидете, за да знаете чии сте“.

„Ниту една жена не е толку скапа, а да не може да се купи со искрена љубов. Но, не толку евтина за да се продаде за неколку лаги“.

„Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не ме замоли да се сменам, но ме смени. Таа е единствената на која навистина и реков како се чувствувам. Не побара од мене да ја држам како капка вода во дланката. Фактот што ја сакам беше доволен за неа“.