На средбата на министрите за енергетика и екологија на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), што се одржа во Сапоро, Јапонија, постигнат е договор за формирање на сојуз од пет земји со цел да се намали влијанието на Русија на глобалниот пазар за нуклеарна енергија.

Во сојузот учествуваат Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција. Италија и Јапонија, кои се членки на Г7, не се во сојузот.

Според соопштението од британската Влада, групата ќе ги користи „соодветните ресурси и способности“ на своите нуклеарни централи за да ја поткопа руската контрола врз синџирите на снабдување.

– Овој договор ќе поддржи стабилно снабдување со гориво за денешните потреби, како и ќе гарантира безбеден и сигурен развој и примена на горива за утрешните напредни реактори, се посочува во соопштението.

Според документ на Универзитетот Колумбија од 2022 година, речиси 10 проценти од нуклеарните реактори надвор од Русија се произведени со руска технологија.