Вкупно 75 проектили биле лансирани во денешните напади во повеќе украински градови, меѓу кои и во главниот град Киев, во кој, според последниот биланс, загинаа најмалку осум лица, а 24 се повредени.

Информацијата ја соопшти началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни кој на твитер-профилот на Министерството за одбрана објави дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили, а оти 41 од нив биле соборени од противвоздушната одбрана на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ги нагласи нападите во Днепар и дополнителните експлозии во Запорожје, велејќи дека Русија се обидува да ги уништи и избрише од лицето на Земјата.

Прикажи повеќе