Најмалку 330 луѓе загинаа во протестите во Иран во изминатите два месеца, соопшти Новинската агенција за заштита на човекови права со седиште во САД, јави ДПА.
Меѓу загинатите има 50 малолетници и 39 припадници на безбедносните сили, тврди организацијата за човекови права. Уапсени се речиси 15 илјади луѓе.
Протестите започнаа во средината на септември и зафатија повеќе од 130 градови во Иран. Острата реакција на безбедносните сили предизвика сериозно незадоволство кај населението на Исламската Република, jави ДПА.
Причина за почетокот на протестите беше смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена поради непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување. Смртта на младата жена покрена сомнеж дека таа била жртва на полициска бруталност. (МИА)Најмалку 330 луѓе загинаа во протестите во Иран во изминатите два месеца, соопшти Новинската агенција за заштита на човекови права со седиште во САД, јави ДПА.