Два патнички воза се судрија во јужен Египет. Министерството за здравство соопшти дека во несреќата загинале најмалку 32 лица, а 66 се повредени.

Според прелиминарните извештаи, инцидентот се случил северно од градот Сохаг, лоциран на 460 километри јужно од главниот град Каиро, на западниот брег на Нил.

– Advertisement –

Судирот се случил кога возовите минувале над каналот со вода. Извор за безбедност изјавил за Ројтерс дека во моментот на судирот, возовите не оделе со голема брзина.

Според локалните медиуми, најмалку три вагони излетале од шините.

Прикажи повеќе