Најмалку 11 лица, од кои повеќето цивили, се убиени вчера во централна Сирија во напад кој и се припишува на терористичката група Исламска држава (ИД), соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.
Џихадистичката група „нападна вчера околу 75 луѓе кои собираа тартуфи во областа Палмира“, соопшти невладината организација со седиште во Велика Британија, додавајќи дека при нападот се убиени „10 цивили, меѓу кои една жена, како и припадник на сириските безбедносни сили“.