Тотенхем конечно се буди, по неколкуте лоши партии, почнаа да победуваат. На последниот меч славеа против Кристал Палас со 4:1, а Жозе Мурињо одговори на критичарите кои постојано го напаѓаат дека играат дефанзивен фудбал.

-Ако мојата статистика е точна, ние постигнавме 100 голови во сите натпреварувања оваа сезона. За тим кој е дефанзивен, многу негативен, ова не е толку лошо, вели Мурињо.