Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо привлече големо внимание кај јавноста со последната изјава која ја остави на својот профил на Инстаграм.

Имено, Мурињо објави снимка од ходникот на хотелот во кој се наоѓаат неговите фудбалерите кои во 19. часот требаше да играат против Фулам. Во тие моменти, околу четири часа пред почетокот на натпреварот не се знаеше дали ќе се одигра средбата, но во меѓувреме дојде потврда дека натпреварот е одложен.

„Натпреварот започнува во 18. часот (по англиско време). Ние и понатаму не знаеме дали ќе играме. Најдобра лига на светот“, остави ироничен одговор Мурињо.

Покрај Шефилд и Манчестер сити, Фулам е третиот клуб во Премиер лигата во која се појавија позитивни случаи на коронавирус, а менаџерот Скот Паркер не го водеше својот тим на претходниот натпревар.