Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја разгледува можноста епидемијата на мајмунски сипаници во таа земја да ја прогласи за вонредна состојба во јавното здравство, пишува  „Вашингтон пост“.

Advertisements

Според весникот, властите планираат да назначат координатор на Белата куќа кој ќе го следи одговорот на земјата на епидемијата.

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна состојба во текот на викендот. Досега заразата со мајмунски сипаници е регистрирана во речиси 70 земји каде што не е ендемична. Бројот на заразени надмина 16.600.

Два случаи на мајмунски сипаници првпат беа откриени минатата недела кај деца во САД.

Прикажи повеќе