Кремљ денеска ги отфрли како „измама“ извештаите дека директорот на американската ЦИА Вилијам Барнс и понудил на Москва таен мировен договор кој вклучува отстапување на украинска територија на Русија.

Запрашан дали Барнс отпатувал во Москва или предложил план со кој Украина отстапува 20 отсто од својата територија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите: „Целиот тој извештај е измама“. Наводите, објавени од швајцарскиот весник Ној Цирхер Цајтунг, исто така беа отфрлени од Вашингтон.

Прикажи повеќе