Македонија го заврши настапот на Европското првенство со три порази, но сепак оваа генерација на фудбалери испиша историја, во македонскиот фудбал.

Ванчо Мицевски член на првата генерација репрезентативци, даде свое видување за оваа генерација на репрезентативци.

„Оваа репрезентација секогаш ќе остане посебна, а Горан Пандев безсмртен. За Горан треба да учат децета на училиште, да го има во учебниците. Неговиот пат до успехот, како од Беласица стигна до Гранде Пандев е импресивно. Игравме добро на шампионатот, можеби и заслуживме бод или два. Не разочаравме со настапот“, вели Мицевски.

„Сметам дека нема да има големи изненадувања до крајот на турнирот. Англија, Франција, Белгија и Италија се мои фаворити да стигнат во завршницата. Верувам дека со враќање на публиката на трибините, фудбалот се враќа во нормала. Ја почувствувавме фудбалската магија со самото учество и верувам и се надевам дека повторно ќе учествуваме на големите приредби“, заврши Мицевски.

Да потсетиме, за Пандев натпреварот против Холандија беше последен за репрезентацијата, а со завршувањето на настапите на ЕУРО за Македонија, истече и договорот на селекторот Игор Ангеловски.