Мирно завршија протестите во центарот на Атина, организирани од грчките синдикати поради денешното гласање на новиот закон за работни односи, јави дописничката на МИА од Атина.
Синдикатот на вработените во јавниот сектор што од утрово започна 24-часовен штрајк, а заедно со синдикатот на вработените во приватниот сектор, поддржани од здруженија и левичарски организации, протестираа во центарот на Атина, додека пак засебен протест пред грчкиот Парламент одржа Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.
За попладнево, на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент закажани се нови протести, со оглед на тоа дека во тек е расправата на пратениците на пленарна седница, непосредно пред гласањето.