Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, во пресрет на средбите со цел создавање поефикасна администрација, денеска одржа средба со претставници на Синдикатот на државната управа. На средбата се разговараше за законите и проблемите кои ги засегаат административните службеници, при што министерот го информираше Синдикатот за плановите кои нудат оптимални решенија за вработените во јавниот сектор.

-Нагласив дека процесот на реорганизација ќе ја оптимизира и хармонизира администрацијата и дека влезната улога на синдикатите во овој процес е многу корисна. Затоа изразив подготвеност за континуирана соработка за да се донесат најдобрите решенија во создавањето ефикасна администрација, напиша министерот на својот фејсбук профил.

Алити се обврза дека за време на неговиот министерски мандат ќе направи се административните службеници да имаат подобри услови за работа и како резултат на тоа граѓаните да добиваат подобри услуги од државната администрација.