Оливие Жиру испиша историја на Мундијалот во Катар. Францускиот напаѓач стана прв стрелец на сите времиња во својата репрезентација, надминувајќи го легендарниот Тјери Анри.
Награда за добрите настапи ќе добие по завршувањето на турнирот. Милан наводно е подготвен да му го продолжи договорот.
Италијанскиот првак ги подготвил документите и посакува тие да бидат потпишани што поскоро. Жиру, сепак, моментално сака да се фокусира на Светското првенство, а потоа ќе размислува за својата иднина вмеѓу „росонерите“.
Французинот замина од Челзи и лани потпиша договор со екипата од Милано.