Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за ТВ Шења говорејќи околу претседателските избори истакна дека не постои начин кандидатот кој што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ да не биде претседател.

Според него, единствен начин е свесно власта да ги бојкотира изборите и да нема цензус.

„ВМРО-ДПМНЕ влегува самоуверено заедно со коалицијата дека победува на тие избори. Не влегуваме дефанзивно туку офанзивно и ние сме убедени во таа победа… Јас сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе напише историски резултат но тоа е полесниот дел од задачата бидејќи потешкиот доаѓа потоа“, порача Мицкоски