Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство, вели Мицкоски во објава на фејсбук како одговор на Ковачевски. Премиерот во текот на денот изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека ќе се зголемува во иднина, воедно негирајќи дека вршеле некакви притисоци, како што тврди Мицкоски, врз пратеници за да не бараат распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори.

Мицкоски вели:

Во суштина главното прашање е, што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство за кое говори Ковачевски. Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?

Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истово. Но очигледно слугата оди пред газдата.