реклама

Светото масло што ќе се користи за помазание на кралот Чарлс Трети на неговото крунисување во мај е осветено во Ерусалим, што ги одразува врските на британскиот монарх со Светата земја, соопшти Бакингемската палата.

Неговото блаженство Теофил III, грчкиот православен патријарх на Ерусалим и англискиот надбискуп на градот Хосам Наум го благословија маслото во, се додава во соопштението.

реклама

Маслото ќе се користи за помазание на кралот Чарлс и кралицата Консорт Камила за време на церемонијата на крунисување во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај.

Традиционално, маслото се истура од ампула на крунисувачката лажица, а потоа со неа се помазуваат рацете, градите и главата на владетелот.

реклама

Осветеното масло е направено од маслинки собрани од два насади на Маслиновата Гора, источно од Ерусалим, во близина на манастирот Свето Вознесение и манастирот Марија Магдалена, каде што е погребана бабата на Чарлс, принцезата Алиса од Грција.

Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, кој ќе ја води службата, рече дека неговата желба е маслото да биде од Маслиновата Гора.

реклама

-Oва ја покажува длабоката историска поврзаност меѓу крунисувањето, Библијата и Светата земја. Од античките кралеви до денес, монарсите биле помазани со масло од ова свето место, рече Велби, духовниот поглавар на англиската црква.

Маслото, ароматизирано со сусам, роза, јасмин, цимет, нероли, бензоин и цвет од портокал, има ист состав како маслото користено за крунисувањето на покојната кралица Елизабета пред 70 години, а таа формула се користи стотици години , се вели во соопштението од Палатата.

реклама