Швајцарецот Марко Одермат, минатогодишниот освојувач на големиот кристален глобус, победи во првиот велеслалом сезонава, кој скијачите го возеа за Светскиот куп во Зелден.

Одермат славеше со време од 2:04.71 минути. Второто место му припадна на Словенецот Жан Крањец со време 2:05.48 минути, а трет заврши Норвежанецот Хенрик Кристоферсен (2:05.69).

Кога станува збор за скијачите од регионот, хрватскиот ас Филип Зубчиќ го зазеде дванаесеттото место. Во Зелден настапи и Самуел Колега, кој имаше висок стартен број (69), но остана без пласман во второто возење, бидејќи првото го заврши на 63. место.

Следи пауза од неколку недели и најдобрите скијачи се селат на американскиот континент.

Прикажи повеќе