Манчестер Сити славеше како гостин кај Лестер на стадионот „Кинг Пауер“ со 2:0 и продолжи да прави големи чекори кон титулата шампион.

Тимот на Пеп Гвардиола изгледа незапирливо, и освои нови големи три бода на многу тежок натпревар на гости.

Двата гола на овој натпревар беа постигнати во второто полувреме, а „граѓаните“ во 58. минута стигнаа до предност од 0: 1 преку Бенџамин Менди.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 74. минута од натпреварот. Габриел Жесус ја завршува одличната акција за предност од 0:2.

Имаше повеќе шанси до крајот на мечот, но резултатот не се смени и остана 0:2.