Над 30.000 посетители на најголемиот годишен настан на Армијата на САД во Вашингтон оваа недела, можеа да слушнат и за новата технологија на македонската компанија ВЕДА, која летово доби прва награда на светски натпревар поддржан од Пентагон за решение кое спречува литиумските батерии да се запалат, пишува ВОА.
Иновацијата, која може да помогне да се спасат опремата и војниците од пожар, е на Борис Јанковски, чија компанија работи на истражување и развој на нови технологии 31 година.
Неговото најново решение за гасење пожар нуди систем на двостепена заштита на литиумските батерии, кои лесно се палат од надворешно прегревање, прегревање при полнење, при брзо празнење, удар и слично.
Целиот текст овде.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.