Македонија е една од домаќините на Европското првенство и попладнево во Скопје во првото коло од фазата по групи избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе се соочат со актуелниот олимписки шампион Франција.
Идентично како и на последното учество на континенталните шампионати Македонија настапот го отвора со репрезентацијата на Франција. Пред една деценија Французинките славеа со 29:16, а натпреварот се одигра во салата Чаир во Ниш.
Во минатото женската ракометна репрезентација на Македонија има и еден триумф на Франција, тоа се случи во квалификациите за ЕП пред една деценија кога во Арената Борис Трајковски забележавме победа од 30:27.
Франција е фаворит не само за победа во денешниот дуел, туку и важи за еден од најсериозните кандидати за златниот медал. Сепак и покрај квалитетот на противникот македонската репрезентација предвреме не се предава и нашите ракометарки најавуваат дека бодрени од домашната публика ќе дадат се од себе да извлечат поволен резултат.
Натпреварот почнува во 18 часот додека во вториот меч од денешната програма ќе се соочат Романија и Холандија.