Женската ракометна репрезентација на Македонија против Романија ќе го одигра последниот натпревар од групата Ц на Европското првенство. Тоа е директна пресметка со Романките за пласман во главната фаза од шампионатот.

Advertisements

Селекторот Љубомир Савевски пред мечот со Романија изјави дека таа репрезентација не е на рангот на Франција и на Холандија, но, сепак, има завиден квалитет. Македонија ќе мора да направи чудо за да стигне до триумф.

„Не се на рангот на Холандија и на Франција, но Романките се големи фаворити во мечот со нас. Верувам дека македонските ракометарки ќе дадат се од себе во обидот да направиме успех. Ќе мора да ги сведеме на минимум техничките грешки кои ги имавме многу на претходните натпревари“, изјави селекторот Љубомир Савевски.

Натпревар меѓу Македонија и Романија, ќе почне во 18 часот.

Прикажи повеќе