Одбојкарите на Македонија третпат во низа ќе играат на Европското првенство (ЕП), овој пат како домаќини и на ждрепката ќе бидат сместени во највисокото друштво. Ждрепката е закажана за утре во Неапол од 17 часот, а македонската репрезентација ќе се најде во првиот сад со оглед дека ОФМ и Македонија ја добија честа и одговорноста да бидат коорганизатор на престижниот настан заедно со Италија, со Бугарија и со Израел. Тоа значи дека овие земји нема да играат со Македонија во групната фаза.

Advertisements

ШЕШИР 1: Италија, Бугарија, Македонија, Израел

ШЕШИР 2: Словенија, Полска, Србија, Холандија

ШЕШИР 3: Германија, Чешка, Франција, Украина

ШЕШИР 4: Турција, Финска, Белгија, Португалија

ШЕШИР 5: Грција, Шпанија, Романија, Швајцарија

ШЕШИР 6: Данска, Црна Гора, Естонија, Хрватска

Како и лани во Тампере и пред две години во Љубљана, на Европското првенство ќе настапат 24 репрезентации во четири групи, една од нив во Скопје, во Арената „Борис Трајковски“ од 20. август до 6. септември./Gol.mk/