Српскиот напаѓач Лука Јовиќ (23) нема намера да го напушти Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.

Дечкото од Бјелина не играше многу откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ летото 2019 година и има одиграно само 32 пати за „кралевите“.

Претходната половина од сезоната, Јовиќ играше на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт. Реал имаше план да го испрати на нова позајмица, но српскиот фудбалер тоа не го сака.

Според Марка, 23-годишниот напаѓач ја побарал последната шанса од клубот и тренерот Карло Анчелоти. Тој само сака да му се даде шанса и смета дека има квалитет да игра за Реал Мадрид.

Пред неколку дена, Јовиќ даде многу интересна изјава за шпанските медиуми и јасно стави до знаење дека сака да игра.

“Знам колку и што можам. Се обидувам да оставам најдобар можен впечаток на тренинзите и да го покажам својот квалитет. Претходните две сезони можеа да бидат подобри, но многу се случи. Сакам да им покажам на сите дека не сум дојден случајно во Реал“.

“Не сум разговарал со Анчелоти за мојот статус, но ќе дадам се од себе за да се подготвам за да докажам дека можам да играм за Реал. Не можете да загубите ништо кога сте во ваков клуб, можете само да победите. Играте со најдобрите играчи во светот и се учи од ден на ден “, рече Јовиќ.

Српскиот фудбалер е обврзан со договор со Реал до 2025 година, а треба да се напомене дека Кралевите му платиле дури 60 милиони евра на Ајнтрахт.

Тој постигна само два гола на 32 одиграни натпревари за Кралскиот клуб.