
Ниту една селекција на Светското Првенство во Катар, не успеа со максимален ефект од три победи да ја мине првата фаза.
Последните кои ја имаа таа можност беа Бразил и Португалија, откако Франција загуби од Тунис (0-1). Меѓутоа и „кариоките“ и „европските бразилци“ го следеа патот на светскиот првак, па вчера загубија и така само две селекции завршија во групите без пораз, Холандија и Мароко.
Оваа е првпат, после Светското првенство во САД во 1994 година, на еден Мундијал нема селекција која групите ги минала со максимален ефект.