Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер за 2022 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Меси оваа титула ја доби по рекорден петти пат. Рекордот претходно го држеше поранешниот играч од средниот ред на Барселона и Шпанија, Чави, кој четири пати беше прогласен за плејмејкер на годината.
Најдобрите плејмејкери за 2022 година според ИФФХС:
- Лионел Меси (ПСЖ / Аргентина)
- Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска)
- Кевин де Брујне (Манчестер Сити / Белгија)
- Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед / Португалија)
- Антоан Гризман (Атлетико / Франција)
- Бернардо Силва (Манчестер Сити / Португалија)
Ова е трета награда од ИФФХС за Меси оваа година. Претходно организацијата го прогласи за играч на годината и најдобар стрелец на годината./Gol.mk/