Музичарот Лени Кравиц предизвика лавина рекации со последната објава на својот инстаграм- профил, позирајќи полу гол.

Голото торзо на славниот Кравиц кој со години важи за заводник ги полуде обожавателите кои едноставно беа воодушевени од неговиот изглед, имајќи предвид дека за два месец ќе го прослави својот 57 роденден.

Пејачот на фотографијата позира полу гол додека сече свеж кокос, а палмите во позадина ја прават фотографијата уште попривлчена.

Бидејќи неговите концерти се откажани заради глобалната пандемија, Кравиц периодов ужива на Бахамите. Иако не е многу активен на социјалните мрежи, овојпат реши да ги поздрави своите обожаватели документирајќи еден дел од своето опуштено секојдневие.

Фотографијата која ја објави за кратко време доби повеќе од 433 илјади лајкови, но и бројни комплименти за неговиот изглед.

„Како тоа имаш 56 години?“; „Живееш како крал“; „Сакам да бидам како тебе“; „Изгледаш нереално“; „Благодарам за новата позадина на мојот мобилен телефон“, се само дел од рекациите на неговите обожаватели.

Во едно интервју минатата година, Лени за „Men’s Health“ истакна дека за неговиот изглед е заслужна здравата исхрана и редовното вежбање, а воедно сподели дека е веган и јаде свежо овошје што самиот го одгледува.

Многу внимавам што јадам и како се грижам за моето тело. Тоа е комбинација од добра исхрана и одржување на мускулите и зглобовите во форма“, истакна тој.