Клер Мафет-Рис легнала една вечер во 2021. година со симптоми на настинка. Следното утро паднала во кома 16. дена, а кога се разбудила не се сеќавала на ништо од претходните 20 години. Оваа Британка, нејзиниот сопруг и двата сина раскажаа сè во ТВ гостување и објасниле дека Клер всушност имала енцефалитис, односно воспаление на мозокот, поради што ги изгубила сеќавањата. „Клер имаше настинка околу две недели, што ја ‘собра’ од нашиот помал син. Постепено нејзината состојба почна да се влошува и таа стануваше сè полетаргична”, рекол нејзиниот сопруг Скот. „Таа отиде да спие една ноќ, а следното утро не можев да ја разбудам“.
Жената итно била префрлена во болница каде била ставена на респиратор. На почетокот лекарите се посомневале дека има крварење во мозокот, но по тестирањето утврдиле дека се работи за енцефалитис. Енцефалитисот е нормално воспаление на мозокот, но лекарите биле шокирани од дијагнозата бидејќи не е толку честа појава. Во повеќето случаи предизвикува симптоми слични на грип, но може да биде и многу опасен и да предизвика трајно оштетување на телото. Во исповед за британскиот весник „The Sun“, Клер рекла дека губењето на меморијата значело дека не се сеќава на некои важни животни настани. „Иако знаев дека имам деца што ги сакам и препознавам, не можев да се сетам на нивните раѓања, нивните родендени, нивниот прв училишен ден, нивните допаѓања или несакања. За среќа, се сетив на сите луѓе што ги познавам. Не знам како Скот би поднел ако кон него се однесувам како кон странец“, вели оваа жена. „Кога станува збор за моите изгубени спомени, се уште има мали шанси да се вратат, но ако не, ќе морам да направам многу нови среќни спомени“, рекла таа. Фото: Илустрација
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.