Ивандер Холифилд е подготвен по трет пат да влезе во рингот со Мајк Тајсон.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња потврди дека неговите претставници преговараат со тимот на Мајк Тајсон, за одржување на трет меч помеѓу нив.

Еден од најпознатите бокс мечеви во историјата е тој помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд се одржа на 28. јуни 1997 година во МГМ Гранд Гарден арената во Лас Вегас.

Мечот заврши со дисквалификација на Тајсон бидејќи во третата рунда ги одгриза дел од увото на својот противник. Претходно, нивната прва пресметка која се одржа на 9. ноември 1996 година заврши со триумф на Холифилд кој во 11. рунда го нокаутира челичниот Мајк.

Мајкл Тајсон и Ивандер Холифилд/EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Идејата за повторно влегување во рингот, Холифилд ја доби по егзибицијата на Тајсон од минатиот ноември кога боксуваше против Рој Џонс.
– Доколку е судено да се случи нешто, тоа ќе се случи на овој или оној начин. Мојот тим преговара со тимот на Мајк, тие комуницираат, а јас ја чекам одлуката – изјави Холифилд кој е подготвен за „трилогија“ со Тајсон.
– Тренирам за тој меч, знам дека еден ден се ќе биде договорено и јас се подготвувам за тоа.

Според медиумите во САД, борбата може да донесе неверојатни 259 милиони долари кои би биле наменети за хуманитарни цели.
– Моите ставови се дека секогаш треба да им се помага на луѓето. Се обидувам на луѓето да им ја пренесам добрината која мене ми е дадена. Таму каде што имам можност, сакам да го извлечам најдоброто со тоа што го располагам. Доколку боксувам против Мајк, верувам дека борбата може да донесе 200 милиони долари. Тоа ќе биде најголема борба, Мајк ја знае мојата порака и на него е да донесе одлука – додава Холифилд.